Ѓ.А. (92) во Полициската станица во Прилеп, пријавил дека вчера околу 13 часот на плоштад „Александар Македонски“ бил измамен од две непознати лица.
„Лицата го пресретнале и почнале раговор со него, по што му дале еден машки часовник, за кој му рекле дека вреди многу пари и дека некој им го продава. Ѓ.А. им рекол дека тој има евра и отишол во банка и подигнал 17.000 евра, кои им ги дал на двете лица. Тие му кажале да ги почека за да и ги покажат парите на некоја жена, која ги чека во возило и дека ќе се вратат за пет минути, по што заминале во непознат правец. По извесно време, откако лицата не се вратиле, Ѓ.А. сфатил дека е измамен, по што го пријавил настанот“, се вели во билтенот на МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.