fbpx

8,8 милиони евра се предвидени за задржување на младите во државата

-

Нова владина мерка, наречена младинска гаранција, најави денеска премиерот Зоран Заев на деловниот појадок со Сојузот на стопанските комори. Целта на оваа мерка, за која до крајот на годината се предвидени 8,8 милиони евра, е младите да останат во државата и да работат тука.

– Младинската гаранција значи во одреден период државата да финансира директно пари за бруто-плати на млади луѓе кои завршиле образование и се подготвени да се обучуваат или трајно да се вработат. За бизнис-заедницата тоа ќе значи бесплатно подготвување кадар, обучување на претходно теоретски подготвените млади луѓе, со намера, ако навистина вредат, да добијат трајно вработување и да биде искористен нивниот потенцијал – изјави Заев.

Тој побара помош од компаниите да обезбедат работни места за младите луѓе. Дел од средствата од оваа мерка ќе бидат пренасочени за универзитетите, за доедукација на младите, а најголемиот дел од нив се за бизнис-заедницата.

Премиерот истакна дека заминувањето на секој млад човек, Македонија ја чини околу 100.000 долари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...