fbpx

Зел државни дрва за приватен огрев

-

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.Г. (62) од Берово, раководител во подрачното одделение за заштита и спасување Берово, поради постоење основано сомневање дека сторил злоупотреба на службената положба и овластување.

Имено, во периодот од крајот на минатата до март годинава, повеќепати пријавениот, како раководител во подрачното одделение за заштита и спасување Берово, му наредил на возачот кој требало да транспортира дрвна маса и истата да се складира за користење во кругот на ПС ОН Берово заеднички објект во кој е сместено и подрачното одделение за заштита и спасување, да ги истовари дрвата во приватна парцела на пријавениот, од каде што истиот дрвата ги превезувал во сопствениот дом во Берово, со што стекнал противправна имотна корист во износ од 74.900 денари, со кој износ ја оштетил Дирекцијата за заштита и спасување, а со истиот износ го оштетил и МВР со што е причинета вкупна материјална штета во износ од 159.800 денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...