fbpx

70 проценти од пилешкото во Британија, заразено со бактерија

-

Речиси 70 отсто од пилешкото месо што се продава во британските супермаркети е заразено со бактеријата кампилобактер, се наведува во извештајот на Британската агенција за безбедност на храната(ФСА), пренесуваат медиумите во Велика Британија.

Според извештајот, во речиси 18 отсто од заразеното пилешко месо присуството на бактеријата е поголемо од дозволеното.

ФСА иницирала истражување за заразените производи, кое ќе трае најмалку една година, пренесуваат медиумите.

Британската агенција за безбедност на храната, денеска, првпат објави прецизни податоци за дистрибутерите на заразеното месо, наведувајќи ги имињата на супермаркетите во кои во најголем број тестирани примероци била пронајдена оваа бактерија.

– Резултатите покажуваат дека прехранбената индустрија, а особено дистрибутерите, мораат повеќе да работат на елиминирање на бактеријата кампилобактер од прехранбените производи – изјавил директорот на ФСА, Стив Верн.

Бактеријата кампилобактер е најголем причинител на труење со храна во Велика Британија, одговорна за 280.000 случаи годишно и за околу 100 смртни случаи.

Од агенцијата смируваат и ги уверуваат потрошувачите дека оваа бактерија лесно се убива со темелна термичка обработка на месото.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...