fbpx

62,2 проценти од вработените не се задоволни од платите кај странските инвеститори

-

Мнозинството вработени кај странските инвеститори (62,2 проценти) сметаат дека не се доволно платени. Истото мислење го делат и мнозинството граѓани (60,5 проценти), опфатени со анкетата за испитување на јавното мислење за странските директни инвестиции, што ја направи Здружението на млади аналитичари и истражувачи на репрезентативен примерок.

– Ослободувањето од данокот на добивка за странските директни инвестиции не е оправдано според мнозинството, 52,6 проценти од граѓаните. Според работниот статус, ова мислење е најизразено кај сопствениците на приватни бизниси кои ги немаат овие поволности (70 проценти), како и кај вработените во приватниот сектор, (60,8 проценти) – вели Горан Мојаноски, кој ги презентираше резултатите од анкетата.

Тие не успеале да дојдат до податок колку државата им дава субвенции на странските инвеститори, поради затвореноста на институциите и недостапноста на тој податок.

Според професорот на Економскиот факултет, Владимир Филиповски, важно е да се пресмета колку државата ја чини отворањето на едно работно место, бидејќи сме мала економија што располага со ограничени јавни ресурси.

– Треба да се пресмета што би добиле доколку средствата се употребат за нешто друго – изјави Филиповски.

85,2 проценти од граѓаните сметаат дека македонските компании треба да ги уживаат истите поволности како компаниите во технолошко-индустриските зони.

Според бизнисменот Зоре Темелковски, граѓаните и бизнсот осиромашуваат заради субвенциите што им се даваат на странците.

– Тие инвеститори скокаат од една во друга земја, каде ги користат поволностите и со тоа го осиромашуваат стопанството. Па, од „Ван Хул“ признаа дека биле пред банкрот пред да отворат овде и со тоа излегува дека со нашите даноци ги спасивме од пропаѓање. Работната сила се искористува како во робовладетелско општество – додава Темелковски.

Македонија е претпоследна во регионот по странски инвестициии по жител.

До јуни тие изнесуваат 114 милиони евра и се 2 проценти од БДП, а според економистите, со овие бројки не може да се очекува висок пораст.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...