fbpx

Ден на тишината

-

По повод масакрот кој се случи во редакцијата на францускиот магазин „Шарли ебдо“, земјите од регионот – Хрватска, Македонија, Романија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, кои се дел од платформата „Ферпрес.еу“, иницираа „Ден на тишината“ кој се одбележува денеска  од 11.30 (времето на нападот) до 14 часот.

Тимот на новинската агенција „Мета“ се приклучува кон иницијативата и во тој период нема да објавува нови постови.

Убиени се новинари. По којзнае кој пат, употребена е брутална сила против букви, цртежи, аудио и видеоснимки. Против мисли и зборови. Кога нè убиваат, тепаат, касапат и заплашуваат, тоа секогаш е за повисоки цели. Но, никој нема одговор на нашето прашање кои се тие повисоки цели. Бидејќи тие не ни бараат одговори и информации.

Токму поради тие причини, слободоумниот новинар стана најголемиот плен и трофеј на идеологијата. Поради тоа и нè убиваат, за да испратат јасна порака до сите оние кои размислуваат, што ги чека ако ги изговорат своите мисли. Тажен парадокс. Најчесто нè убиваат за да пишуваме и да зборуваме за тоа. Зашто, ако тие пораки на страв и на терор не се пренесат до секој човек, самиот тој чин, за оние кои го сториле злосторството, нема да има никаква смисла.

Во изминативе девет години убиени се 720 новинари. Според податоците од „Репортери без граници“, од 2005 до 2014 година убиени се вкупно 720 новинари, од кои само во 2014 година, 66 новинари го загубиле својот живот, извршувајќи ја својата должност да ја известат јавноста, а две третини од случаите се во воените зони како Палестина, Украина, Ирак и Либија. Значаен пораст од 30 проценти е забележан во бројот на киднапирани професионални новинари, односно 119 случаи во 2014 или 87 случаи во 2013 година.

На глобално ниво, 40 професионални новинари и три граѓани-новинари  се држат како заложници.  Според последните податоци на „Репортери без граници“, вкупно 178 професионални новинари и исто толкав број граѓани-новинари  се осудени на затворска казна поради извршувањето на својата должност.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...