fbpx

Изменет сообраќаен режим во центарот на Скопје

-

Во периодот од 16:00 до 17:00 часот денеска затворени за сообраќај ќе бидат улицата 11.Октомври од крстосницата кај Црвен крст, преку улицата Димитрие Чуповски до крстосницата кај ТЦ „Палома Бјанка“, улицата Филип Втори Македонски од хотелот „Холидеј ин“ до крстосницата со улицата 11.Октомври поради одржувањето на традиционалната Атлетска улична трка во централното градско подрачје.

Автобусите кои ги опслужуваат линиите со број 50, 57 и 59 од Битпазар ќе се движат право по булеварот Кочо Рацин и улицата Кирил и Методиј и ќе продолжат по својата траса. Во обратна насока ќе се движат по улицата Даме Груев (зад зградата на Собранието), улицата 11.Октомври, булеварот Кочо Рацин и ќе продолжат по своите траси.

Линиите со број 3, 4, 4А, 5, 7, 15, 15А, 21, 22, 23, 24 ,25, 27 и 28 ќе се движат по булеварот Кочо Рацин, улицата Кирил и Методиј и ќе продолжат по своите траси. Во обратна насока ќе се движат по улицата Даме Груев (зад зградата на Собранието) и ќе продолжат по своите траси.

Линијата број 16 од Битпазар ќе се движи право по булеварот Кочо Рацин и ќе продолжи по своја траса во двете насоки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...