fbpx

39 лица загинаа, а ранети се 69 при терористички напад во ноќен клуб во Истанбул

-

Во вооружен напад во популарен ноќен клуб во Истанбул за време на дочекот на Нова година, убиени се 39 лица, меѓу кои имало и 16 странци, јавуваат медиумите.

Како што јави „Си-ен-ен Турк“, напаѓачот бил облечен како Дедо Мраз и во клубот „Реина“ го извршил нападот, при што ранил 69 лица.

Според локалните власти, се работи за терористички напад.

Во моментот на нападот во клубот имало помеѓу 700 и 800 лица.

Инаку клубот „Реина“ е познато место каде што излегуваат актери, фудбалери, а според очевидците, при нападот некои од нив скокале во море.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...