fbpx

Вработените од ЕМО и од „Еурокомпозит“ протестираа пред Владата и пред Собранието

-

Со транспаренти во рацете „Грујо нахрани го својот народ“, „Борба за здравје и достоинство“, „Ние сме гладни“, вработените во ЕМО денеска излегоа да протестираат пред Владата на Република Македонија и пред Собранието. Своето незадоволство го искажаа околу 200 вработени од некогашниот охридски гигант ЕМО и во капитално поврзаните друштва, кои, по протестите во Охрид, и во Скопје ги бараат заостанатите плати и придонеси и регулирање на нивниот статус на вработени.

– Неизвесноста трае. Ние не бараме ништо што не ни припаѓа нам, си ги бараме само заостанатите плати и придонеси и да се регулира нашиот статус за да знаеме што сме утре. Протестираме зашто не добивме одговор од министерот за економија, кој ни вети дека до 22 декември ќе ни даде повратна информација околу нашиот проблем, со кој ние на 12 декември детално го запознавме – вели за охридското „Супер радио“, Миле Крстаноски, претседател на синдикалната организација во „ЕМО –Производство“.

Крстаноски додава дека штрајкот ќе трае сè додека не ги прими некој од одговорните за решавање на нивниот проблем.

– Имаме најава дека ќе ни се организира прием кај некој советник од Владата, ама ние не го сакаме тоа. Имавме прием кај министерот за економија. Не сакаме да се враќаме надолу. Бараме прием кај премиерот Груевски или, пак, кај некој на повисико ниво, надлежен за решавање на ситуацијата со ЕМО – категоричен е Крстаноски.

На вработените во повеќето оддели на ЕМО денеска на протестот во Скопје, им се придружија и вработени во прилепската фирма „Еурокомпозит“, како и една група кои работеле во погоните на ЕМО низ земјава, а не влегле во стечајната маса.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...