fbpx

„Студентски пленум“: Дојдете на маршот без партиски и национални симболи

-

Утре, во 12 часот, пред платото на УКИМ ќе почне вториот студентски марш против предлогот на Владата да се воведе државен испит на факултетите. Студентите ќе маршираат од платото на УКИМ покрај Собранието и ќе го завршат маршот пред Владата на Република Македонија.

Од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ повикуваат на мирен марш, без насилство и без истакнување на партиски или национални симболи.

– Повикуваме да нема покажувања на никакви партиски и национални симболи бидејќи сметаме дека тоа ќе предизвика контроверзност и ќе се сфати во негативна конотација, како што и досега нè брендираа дека сме од различни партии од што дефинитивно се оградуваме. Ќе продолжиме да се оградуваме од секакви партиски влијанија и остануваме на тоа дека оваа инцијатива е чисто студентска и сите сме тука како студенти, без разлика кој во која организација, партија, религија или етнос припаѓа. Тука сме само за подобрување на високото образование и ќе се оградуваме и понатаму од такви обележја затоа што со тоа сакаат да го намалат значењето на овој марш – вели Филип Манев од „Студентски пленум“.

Студентите очекуваат поддршка и од студенти од другите градови, професори, како и од средношколци со кои велат дека досега немале официјални разговори.

– Немавме разговори со средношколците меѓутоа сметаме дека тие се способни самите да изградат свој став околу државниот испит и нивно уставно загарантирано право е да протестираат и да го искажат својот став, па затоа мислам дека ќе ни се придружат на маршот. Ќе имаме поддршка и од професорите бидејќи државниот испит ги дискредитира нив, затоа што тој што го предава знаењето треба да биде и тој што ќе го оценува – вели Ана Кнежевиќ од „Студентски пленум“.

Студентскиот марш доби поддршка и од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, кој ги повикува новинарите да известуваат со придржување кон професиналните принципи.

Во соопштението се вели дека ССНМ ги повикува своите членови, новинари и медиумски работници, својата солидарност со студентите да ја искажат со придржување кон професионалните принципи, одбивање на наметнатата пропаганда и со борба против автоцензурата на која се принудени во своите редакции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...