fbpx

26 загинати и 136 повредени во нападите во Брисел – ИД ја презеде одговорноста

-

Вкупната потврдена бројка на загинати во нападите на аеродромот и на метро-станиците во Брисел се искачи на 26, a повредени се 136 лица. Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.

ИД своето соопштение го објави преку својата новинска агенција „Амак“, јавуваат египетските медиуми. Либанската милитантна група Хезболах соопшти дека Европа се наоѓа во вкрстениот оган на „одредени режими“, исто како што тоа се случува во Сирија и на Блискиот Исток.

Бриселскиот метро-оператор СТИБ-МИВБ на „Твитер“ потврди дека 15 лица биле убиени, а 55 повредни во експлозијата што се случи на метро-станицата Малбек.

Белгиската министерка за здравство, Махје де Блок, потврди дека има 11 лица загинати во нападот на аеродромот „Завантем“ и 81 повреден. Бриселскиот аеродром ќе биде затворен до утре во 6 часот наутро.

Федералниот обвинител Фредерик ван Лео изјави дека еден бомбаш самоубиец активирал експлозив на аеродромот во одделот за патници во делот за полетување. Втората експлозија на аеродромот е најверојатно од автомобил бомба, но тоа сè уште не е потврдено.

Станицата Малбек се наоѓа во близина на зградата на Европската комисија и на Европскиот совет. Европската комисија јави дека минува на портокалово ниво на тревога, што значи дека пристап во институциите на ЕУ имаат само вработени лица.

Белгиските власти прогласија највисоко четврто ниво на сигурност во целата земја по експлозиите на аеродромот и на метро-станиците. Знамињата во Брисел се спуштени на половина копје, во знак на жалост за жртвите.

Поради моменталната безбедносна ситуација во Брисел, властите го затворија целиот јавен превоз.

Безбедносните мерки се заострени во цела Белгија, Франција, Лондон и во Њујорк.

Од македонската амбасада во Брисел за „Мета“ велат дека во градот постојано се слушаат сирени на полициски возила и на возила за итна помош.

Во Белгија живее бројна македонска заедница, но од амбасадата велат дека засега немаат информации за повредени или загинати Македонци во експлозиите.

Минатата недела во Брисел беше уапсен и еден од главните осомничени за терористичките напади во Париз, Салах Абдеслам.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...