Министерството за труд и социјална политика соопшти дека во согласност со Законот за празниците, понеделник (26 јуни) е неработен ден за сите граѓани, поради Рамазан-бајрам.
Првиот ден на Рамазан-бајрам е на 25 јуни, в недела, но неработниот ден се поместува в понеделник.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита Рамазан-бајрам.