fbpx

13 судии со писмо го обвинија Панчевски за злоупотреба на интернет-страницата

-

Тринаесет судии од Основниот суд Скопје 1 испратиле писмо до Судскиот совет, во кое реагираат и го обвинуваат претседателот на судот, Владимир Панчевски, дека ја злоупотребува официјалната интернет-страница на судот со објавување „лични постапувања и ставови за одреден судија“.

Судиите реагираат на соопштението на Кривичниот суд од петокот минатата недела, во кое Панчевски информираше дека дал исказ во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во врска со кривичната пријава што против него ја поднесе судијата Иван Џолев и дека веднаш потоа му поднел контрапријава на својот колега за лажно пријавување кривично дело.

„Судијата Владимир Панчевски, како претседател на судот, информира за свои лични постапувања и ставови за одреден судија, при тоа крајно не почитувајќи го неговиот интегритет како судија. За ова тој ја користи официјалната веб-страница на судот. Се оградуваме од наведеното, имајќи ја предвид судската етика и морал, а воедно и почитувањето на тајноста и на заштитата на интегритетот за каква било поведена постапка кон судија… Со оглед дека односите меѓу колегите се крајно нарушени, засегнати сме сите ние со наведеното известување, бидејќи може тоа да биде кој било од нас, кој во моментов не се согласува со сегашниот претседател. Во таа насока се обраќаме до вас, како надлежен орган, во согласност со вашите законски овластувања, да преземете соодветни мерки кон претседателот на судот…“, се вели во писмото на судиите до Судскиот совет.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, за националниот радиодифузен сервис МТВ потврдил дека го добиле писмото, но ќе го третираат како анонимно бидејќи судиите се потпишале само со потпис, а не и со полни имиња и презимиња.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...