fbpx

13 112 е нов број за СОС-повици кон Планинската спасителна служба во Охридскиот регион

-

Воспоставувањето на телефонски број за СОС-повици (13 112), во случај на планинска несреќа е нов почеток за развојот на планинарството, како рекреативен спорт од една страна и развој на планинскиот и алтернативниот туризам како сериозна стопанска гранка од друга страна.

Воведувањето на СОС-бројот е суштински дел од проектот „Регионот Охридско Езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам“, и покрива пет општини, Охрид, Струга, Ресен, Дебрца и Вевчани, каде на повик, спасителната служба ќе одговори во разумно време.

Претседателот на Општинската организација на Црвениот крст од Охрид, Сашо Точков, кажа дека сите оние кои што сакаат да уживаат во убавините на планината сега ќе може тоа да го направат без да стравуваат за својата безбедност.

Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиевски истакна дека Охрид може високо да се позиционира на светската туристичка мапа доколку туристички пулсира во текот на целата година. Тој потенцира дека нема сериозен развој на планинскиот и алтернативниот туризам без зголемување на безбедноста при движење во планина, бидејќи бевме сведоци на неколку немили настани изминатите години на македонските планини.

„Мене ми е посебно задоволство што уште еднаш дечките од планинската спасителна служба поддржани од Црвениот Крст од Охрид се пионери во уште еден проект. Исто така пред околу месец и половина оставрив средба со директорот на ЦУК Агрон Буџаку и тие со во фаза на имплементација на еден единствен СОС-број којшто ќе ги интегрира сите итни служби во државата, со центар во Скопје и во осум градови во Македонија. Еден од тие градови ќе биде и Охрид“, кажа  Георгиевски.

Антонио Додески од спасувачката служба на планини при Црвен крст рече дека во тек се градежните работи и за оформување на Центарот за спасување на планина, каде ќе се сместени и тренинг центарот и оперативниот центар. Додевски истакна дека при крај е изработката на студијата за финансиска одржливот на овој проект, како и и концептот за организациска поставеност на службата, кои треба да бидат готови за  еден месец.

Оваа пракса за прв пат се воспоставува во некој регион од државата е дел од проектот „Регионот Охридско Езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам“, финансиран од Европската унија, преку ИПА програмата за прекугранична соработка, кој го спроведува Црвен крст Охрид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...