fbpx

10 лица загинати, 47 повредени во експлозијата во метрото во Санкт Петербург

-

Десет лица загинаа, 47 се повредени, а 39 се хоспитализирани во експлозија во метрото во Санкт Петербург за која руските власти велат дека можно е да станува збор за тероризам.

Детонацијата ја предизвикала импровизирана експлозивна направа наполнета со шрапнели, а била поставена во еден вагон на метрото помеѓу две седишта. Помеѓу повредените има и деца.

Иако првично беше соопштено дека имало две детонации во два вагона, властите велат дека станува збор за една експлозија.

Руски специјалци малку подоцна, на непозната локација во евакуираното метро пронашле уште една направа која успешно ја деактивирале.

Полицијата ги истражува наводите дека едно момче влегло во вагон, оставило актовка, а потоа со рацете ја отворил вратата и излегол од вагонот.

Во метрото првобитно затворени биле осум станици на сината линија, и извршена била итна евакуација, а потоа властите одлучија целосно да го затворат овој вид на транспорт.

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков рече дека рускиот претседател Владимир Путин, кој престојувал во Санкт Петербург, бил известен за инцидентот.

Путин разговарал со шефовите на безбедносните служби и соопшти дека се разгледуваат сите опции.

На местото на експлозијата пристигнале десетина екипи на итна помош и пожарникари, а градот го надлетуваат хеликоптери кои повредените ги пренесуваат од најблиските болници.

Канцеларијата на обвинителот соопшти дека е покрената истрага за нападот. Додатни мерки на обезбедување се воведени и на аеродромот во Санкт Петербург.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...